Ова смути од ананас е вистинско тропско, летно уживање. Многу е освежително особено во летен период, а сепак избалансирано со сите нутритивни вредности што ќе ве држи сити и најадени долго време. 

Дали сте знаеле дека ананасот содржи ензими кои му потпомагаат на дигестивниот систем полесно да ја врши работата. Ако имате дигестивни проблеми или пак чувство на подуеност во текот на денот – ананасот навистина може да помогне со тоа.

Еден трик што јас сакам да го правам е да купам ананас. Го сечам на помали коцки и го замрзнувам во ќесички за замрзнување. На овој начин нема да ми скапе, а и + ги прави смутињата погусти и поволумезни. 

Во ова смути исто така додадов обарен па замрзнат карфиол. Веќе имам цел еден пост за -зошто користам карфиол- во смутиња. Ама на кратко: додава волумен без да додадаваме дополнителни шеќери, а нема никаков вкус и мирис па нема ни да го осетите во пијалокот. 

Инаку протеинот што го користам тука, а и секогаш е вегански протеин. Whey протеините кои се и најпопуларни на нашиот пазар едноставно не ми пријаат на телото. Ми предизвикуваат подуеност, гасови и непријатно чувство. Ова е многу честа појава при користење на whey протеини, па доколку се пронајдовте – тогаш ви препорачувам да се префрлите на вегански протеин кој не содржи млечни производи во него. 

Доколку имате некој ваш омилен протеин што го користите, слободно искористете го во овој рецепт.

Протеинско смути од ананас 

Состојки:

  • 1 шоља обарен, па замрзнат карфиол
  • 1/2 шоља ананас (замрзнат)
  • 1/4 од средна банана
  • 1 дозерка протеин од ванила
  • 1+1/2 шоља млеко од овес (или млеко по желба)

Начин на подготовка:

  1. Во блендер се додаваат сите состојки и се блендира се додека смесата не се соедини и не се добие кремаста текстура.
  2. Се додава повеќе млеко или вода по желба.
  3. Се додава во голема чаша и се сервира веднаш.
(Visited 2.348 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *