Состојки:

  • 100 гр. (1 cup) овесно брашно
  • 113 гр. (1+1/4 cup) овесни снегулки, крупни 
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 125 гр. (1/2 cup) путер од бадеми
  • 80 гр. (1/4 cup) јаворов сируп
  • 100 гр. (1/2 cup) кокосово масло
  • 1 лажичка ванила, по желба

За филот од праски:

  • 3 праски
  • 1 лажица кокосово брашно*
  • 4 лажици јаворов сируп

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 175º и се поставува хартија на сад за печење. Јас користев керамички сад во димензии 20х20 ама може да користите било каков.
  2. Во голем длабок сад се додаваат сите течни состојки (путер од бадеми, јаворов сируп, кокосово масло и ванила) се промешува се додека не се соедини смесата и не добие кремаста текстура.
  3. На оваа смеса се додаваат овесното брашно, овесните снегулки и сода бикарбона. Се промшеува се додека сите состојки не се соединат и сувите состојки не се комплетно изедначени со течната смеса.
  4. Се додава смесата во тавата за печење, со тоа што се остава околу 3/4 од смесата за да ја додадеме на крај како топинг (crumble). Се тапка убаво во тавата за печење, еднакво и рамно, нешто како кога правиме сирови барови.
  5. Се додава во загреаната рерна и се пече 6 минути. 
  6. Во меѓувреме го подготвуваме филот. Се мијат и сецкаат на резанки сите праски се додаваат во сад со останатите состојки од филот. Не е толку важно да се перфектно исецкани праските зошто ќе се испечат и вака и така па затоа не се замарајте околу тоа.
  7. Се вади тавата со базата од рерна и се остава да се олади 10тина минути (не ја гасете рерната)
  8. Се додава филот од праски и се распределува на сите страни еднакво. Се додава и остатокот од базата што ја зачувавме претходно и се расфрла над филот од праски за да доојде како коричка кога ќе се запече.
  9. Се враќа во рерна уште 25-27 минути. Готово е кога горниот слој ќе фати убава златеникаста боја и цел стан ќе мириса на пита од праски 🙂 
  10. Се остава да се олади пред да се додаде во тањир. 
  11. Јас ја сервирав со Грчки јогурт за екстра протеинче и малку боровинки и беше баш супер доручек.
  12. Чувајте на собна темпратура 1 ден или 2-3 дена затворено во стаклен сад и во ладилник.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Јаворовиот сируп може да се замени со било кој друг течен засладувач по желба.

→ Путерот од бадеми може да се замени со било кој друг путер од јаткасти плодови.

→ Кокосовото брашно во филот со праски има улога на згуснувач и да ја упие влажноста од сокот што го пуштаат праските. Може дза се замени со некое друго брашно меѓутоа ќе треба да се адаптира количината.

(Visited 2.908 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *