Што е foam rolling, за што се користи, како се користи и што всушност е овој чуден предмет? Одговорот на сите овие прашања и многу повеќе може да прочитате во овој пост како и моето лично искуство со foam rolling и како јас го вметнувам во мојата секојдневна рутина. 

Што е foam rolling? 

Foam rolling всушност претставува масирање на сопственото тело користејки ја оваа направа наречена ролер пена. Има повеќе видови на ролер пени ама затоа малце подоцна. Во буквален превод би значело тркалање на ролер пена ама нема теоретски шанси да го користам тој збор во текстов ☺ па затоа ќе се задржиме на foam rolling. 

Во процесот на foam rolling фактички се создава притисок од  тежината на телото и со правилни движења тоа масирање овозможува да да се ослободат јазли или чворови во мускулите и ткивата. 

Ова особено помага за воспалени мускули после вежбање  и затоа може многу често да видите како некој го користи во теретана или дека е секојдневна рутина за професионални атлетичари и спортисти.

Бенефити 

  • Помага во олеснување на болка од воспалени мускули. Ова можеби е најчестата причина што луѓето користат foam rolling. Масирањето на мускулите го зголемува протокот на крвта во телото и придонесува во процесот на заздравување
  • Помага во болки со грбот. Секако дококу се користи правилно 
  • Флексибилност и полесно движење и котрола на телото
  • Помага во стабилизирање на стресот. Како што знаете стресот најчесто носи последици што можеби не веднаш ама понатака во животот ќе произлезат некаде на телото. Најчесто тоа е во форма на згрутчени јазли во телото што предизвикуваат неудобност а понекогаш и болка. Со истегнувањето и распредување на тие згрутчени места, телото се доведува во опуштена состојба а тоа понатака не само што придонесува за комфорен живот него го подобрува и сонот што сите знаеме колку битен фактор е за здрав живот.
  • Спречува понатамошни потенцијални повреди
  • Може да спречи појава на целулит и да помогне во губење на веќе постоечкиот. Го зголемува протокот на крвта и го помага процесот на природна детоксификација на телото
  • И секако РЕЛАКСАЦИЈА. Со тоа што се опуштаат мускулите во телото автоматски се чувствуваме подобро и посмирено.

КАКО СЕ КОРИСТИ И ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО?

На почетокот може да се чувствувате непријатно или да почувствувате болка при истегнување  особено ако го користите на воспалени мускули. Ова е нормално и очекувано. Доколку болката станува голема и нетолерантна тогаш намалете го притисокот од тежината и истегнувајте се поблаго и нежно. 

Генерално не постојат несакани дејства од користење на ролер пена освен за лица кои имаат сериозни проблеми и повреди. 

Ролер пената најчесто се користи на мускулите како листови, задник,грб,раце и нозе. Избегнувајте да ја користите ролер пената и да стварате притисок на зглобовите,колената и лактите. 

ТИПОВИ НА РОЛЕР ПЕНА

Постојат неколку типови на ролер пени и најдобро е да ги пробате сите за да видите која вам ви одговара најмногу

  • МАЗНА ролер пена е ролер пена без вдлабнатини и најчесто ја користат почетници или постари лица. Не се интензивни и не ствараат голем тежински притисок од телото
  • ТЕКСТУРИРАНИ. Овие типови на ролер пена имаат вдлабнатини и нерамна површина (како на сликата) Овие ролер пени најчесто се користат за ослободување на јазли (чворови од телото) и по мое мислење се најкорисни. Постојат различни типови на вдлабнатини. Некои се по текстурални што значи поголем притисок, а некои по слаби што значи по нежни при користење. 
  • РОЛЕР ПЕНА во форма на топка. Овие најчесто се користат за таргетирање на сппецифични делови од телото како чвор во рамена, грб и слично.

Сигурно постојат и многу други меѓутоа овие три се најчесто користени. Постојат различни бои, текстури, форми и големини. Изборот каква ќе користите е според ваша желба и она што најмногу ви одговара.

МОЕТО ИСКУСТВО И МИСЛЕЊЕ 

Ова ми е втора година како користам регуларно foam rolling и да кажам дека е најдоброто нешто што може да си го направите за своето  тело не е доволно. Комплетно ќе ви го смени животот. Сите сме фокусирани на тренинзи,вежбање и физичка активност ама забораваме колку е важно и есенцијало закрепнувањето на мускулите и флексибилноста на телото. Foam rolling го комбинирам со обични вежби за истегнување, еднаш до два пати неделно. Ова најчесто го правам дома, додека гледам серија па не го осекам како обврска и за да немам изговор дека немам време. Се трудам тоа да биде 20минутна комплетна сесија за истегнување меѓутоа доколку немам време тогаш може да биде и кратка 5 минутна сесија. Обично се задржувам по 45 секунди на еден конкретен дел од телото пред да поминам на друг. Ви препорачувам да користите штоперица за подеднакво да ги истегате сите делови од телото. 

Доколку сте нови во ова – побарајте вежби на интернет и почнете со 15-20 секунди на еден дел од телото пред да преминете на друг. Со константно користење на ролер пената зголемувајте го и времето. И никако не заборавајте да дишите. Дишењето во текот на foam rolling е подеднакво важно како и истегнувањето. 

Не треба да бидете физички активни, спортисти или вежбачи за да користите ролер пена. Може да го користи секој и е сериозно најдобрата работа што може да си ја направите. Купете, пробајте и ќе ми заблагодарите подоцна ☺

(Visited 1.667 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *