Многу од вас бараа “ораганизациски совети” и како ја одржувам собата секогаш чиста и уредна. Искрено, не бев сигурна дека сакам да го објавам овој пост од причина што НЕ ПОСТОЈАТ магични трикови или којзнае каква тајна што можам да ви ја отријам, а ќе ви ја одржува собата или станот уреден и чист. Најдобриот совет што можам да го понудам е – ВРАЌАЈТЕ СЕ НА СВОЕ МЕСТО – Толку. Не се ни зафркавам. Тоа е правило број еден за мене и секогаш се водам според тоа. Така секогаш собата ми е уредна и секогаш знам кое, кај ми е.
Ако сте гледале FRIENDS јас сум малку поблага верзија од Моника. Не сум ни лута поради тоа – дечко ми може е, ама јас НЕ ☺️. Се мора да биде таму каде што му е местото и се мора да биде наредено така како што ЈАС сум замислила дека треба да биде. можеби тоа не е правилно или естетски преубаво ама in my mind таму пропаѓа. Не сакам да драматизирам ама толку се вознемирувам кога нешто не е онака како што е во мојот ум што може и да не спијам мирно вечерта.
Да се вратам на темата, не сакав да го објавам овој пост затоа што секој простор, соба, стан е различен па тоа што мене ми одговара и како го организирам можеби нема да одговара на друг. Друга причина е што никогаш не сум се водела по некој правила или начини како да организираш нешто, едноставно се прилагодувам на тоа како мене ми одговара и она што го имам дома.
Ама, од друга страна си викам па зашто да не го споделам ? Можеби некој ќе најде нешто корисно, инспиративно или чисто од радозналост ќе види малку подетално во мојата соба. Ако сте тука од таа причина – нема да ве осудувам, јас обожавам да гледам што има по туѓите соби, станови, места така да it’s fine. Не во creepy way, во радознавачки, сладок way. Хаха, окк.. ова можеби е најдолгото интро ever.
Собата ми е направена пред 3-4 години, можеби да ја правев сега би направила некој работи поинаку ама тоа е што е – неможеш да реновираш соба како што се менува стилот и годините. Горе-доле сум задоволна затоа што е едноставна, минимиластичка и имам се што ми е потребно.
Креветот ми зафаќа пола соба (ова е една од работите што искрено би ги сменила) и иако сум голем фан на гооооолеми KING SIZE кревети, за еден мал човек можеби е too much. Too much е и за дечко ми што кога и да отидеме некаде го зафаќам цел кревет затоа што сум навикната да спијам на целата површина, па кутриот се бори секоја вечер со мене за малку простор. God help us, како ќе живееме заедно.
Креветот е купен од ЈУГОЕКСПОРТ и не сум ни сигурна дека сеуште го има, купен е пред неколку години.
Пуфкастите перничиња се од JUMBO и супер е што се вадат од јастучницата па многу е лесно да се исперат. Меките кебенциња ги менувам постојано, имам неколку во зависно од сезоната и сите се од различни места ама може да најдете убави во Џамбо, Јуск, Дормео… Не само што се многу удобни и практични него и естетски му даваат топлина на целиот простор. ако ви фали топлина, боја или малку текстура на просторот, без разлика дали е спална соба или дневна – инвестирајте во убаво меко кебенце. Прави огромна разлика, а нема да потрошите многу пари.

Втората работа што зафаќа голем дел од собата е плакарот. Ова е дефинитивно најдобрата инвестија што некој може да ја направи. Доколку имате можност, не размислувајте воошто – вграден плакар е вистинскиот избор. Се е толку уредно распоредено, што стварно е многу лесно да се одржава чисто. Дури и да не е уредно наредено, само ги затвараш шибер вратите и далеку од очите, далеку од срцето. хаха, се шалам, ама стварно…. вграден плакар for the win.

Мојот е правен во АКРОН и е адаптиран според моите потреби. Под ова мислам: полиците, закачалките, фиоките и се друго е направено да биде практично лично за мене. Што значи ова ? Ова значи дека доколку сега одите да ви изработат вграден плакар, може да си го адаптирате според вашите потреби. Да додадете или одземете елементи кои ви се потребни. Тоа е уште една причина што ги прави ваквите плакари идеални за секого. Ако можам да променам една работа тоа е – повеќе место за закачалки – помалку полици. Сериозно, закачалки е најпрактичната работа на свет. Не се гужваат алиштата, лесно се враќаат на место и е многу прегледно.

Во овие широки и длабоки полици се наредени сите ташни, на овој начин не се гужваат и ја одржуваат формата подолго време за разлика од тоа кога се натрупани една врз друга. Во мрежа фиоките што се наоѓаат во ќошот ми се наредени сите чантички што се мали и што неможат да изгубат форма па немаат проблем да стојат збиени.
Овие кутиички со цветчиња што ми се распоредени насекаде низ плакарот се купени од ЏАМБО пред ухххх …. пред многу многуууу време и тоа кога сеуште собата ми беше цела розева и со срциња, нормално се мораше да биде girly-girly, вклучувајќи ги кутиите за складирање. Можеби и единствената работа што ја зачував од претходната соба ама се доста практични и сеуште во добра форма, па затоа не завршија во отпад. Чувам работи како бикини, новчаници, мали марами и такви некој работи што неможеш да им посветиш цела фиока или полица ама сепак се потребни и треба да се сместат некаде.

Закачалките се од Џамбо и купувам по едно пакетче секогаш кога имам прилика и веќе горе-доле ги исфрлив другите и останаа само овие. Ми се допаѓаат затоа што се идеална големина, не се премногу големи и плус најважно што се плишан материјал, па алиштата никогаш не се лизгаат што многу често се случува со оние класичнине закачалки.

Полиците што се наоѓаат во средина на плакарот се поделени на два дела. Едниот дел ми е пополнет со зимска облека, другиот дел за летна. Овде немам што многу да кажам, уредени се така да ми се практични што значи работите што често ги користам како фармерки, тенки џемпери, маички и секојдневни блузи се во долните редови,за да можам да ги докачам хаха, а во горните полици се работи како зимски џемпери, кратки шорцеви и фустанчиња што ги носам само конкретен/специфичен или краток период од годината.
Се е наредено според практичност, немам посебни организациски правила што ги следам. Тоа редење по боја навистина не го разбирам. Пробав неколку пати ама на крај завршувам со 5 полици црни алишта, едно мало купче шарени и еден ред сите нијасни на розево. На крај кога нешто ми треба, не можам да најдам затоа што се е тоа испомешано и во иста боја и да ја скратиме приказната катастрофален метод.
Она што мене ми одговара е да бидат распоредени по да речеме маички по кратки, кроп топови, малку поелеганти блузички итн итн… Не е некое правило, ама ете така некако се распоредени.
Фиоките се резервирани за долна облека, чорапчиња и градници. Затоа што фиоките се длабоки и големи, сакам да користам мали кутиички што се исто така од ЏАМБО или кутии од производи за да ги раздвојам и да имам подобра прегледност. Затоа што имам 6 фиоки и имам довилно простор и за останати работи, освен наведеното, една фиока е резервирана само за пижами, една за каиши и марами и последната е за…… одиме на наредниот параграф.

И сега одиме на мојот омилен дел од целиот плакар а тоа е -цела една полица и фиока посветена за хеланки и опрема за вежбање. Незнам дали е чудно да бидеш горд на ова, ама јас стварно сум многу горда на оваа мини колекција што ја имам тука. Ако ме следите подолго време на Инстаграм веќе знаете колку сакам убави работи за вежбање и многу сакам да инвестирам во убави парчиња, па затоа ТАДАААААМ. Еве како е уредена. На полицата горе се хеланки и маички, во фиоката доле се спортски градници, ластици за вежбање, шорцеви и мини маички односно crop топови.
И за крај се префрламе на другата страна од плакарот. Тука просторот е многу потесен од остатокот од собата. Не е прегледен и затоа тука стојат сите не толку потребни и секојдневни работи.
Во горните полици се сите пуфкасти пижами (i am a fan) што ги користам само по еден-два месеци годишно, јакни и палта како и облека што треба или да се донира или да се фрли ама сеуште немам срце тоа да го направам. Во долниот дел ми стојат торбиците и патиките за вежбање, новогодишни украси и баш онака рандом работи. И тие работи мора да се сместат некаде, нели ?
Мислам дека опфатив се што се однесува на овој дел од собата и како се тоа е организирано и од каде е купено. Незнам дали има логика и дали разбирливо објаснив ама се потрудив.
Ако стигнавте до тука – заклучокот што може да го донесеме е дека се водам по практичност пред естетика. Сакам да изгледа убаво ДА, меѓутоа не ми е тоа приоритет. Мислам дека тоа е единствениот начин да се одржува постојано уредно и прегледно особено за работи што се користат секојдневно.
Методот на KonMari често ми го предлагате. Ве молам не ме отсакувајте за ова што ќе го кажам ама јас таа жена ич неможам да ја гледам. Почнав да гледам и после првата епизода бев као come onnnnn… тоа заблагодарување, тоа гушкање на облеката, па туткање во ролни… Може за некого одговара, ама дефинитивно не е за мене.
Ќе го привршувам сега пост-чево зошто излезе од контрола колку време зборам за плакари и редење алишта…
Парт 2 ќе биде посветено само за тоалетната масичка, шминки, козметика, продукти за коса и слично.. Се читкаме тогаш. BYE.