Знаете веќе дека вежбањто ми е огромна пасија. Вежбам барем 5 пати неделно и тоа во теретана. Знаете она место каде што милион луѓе се потат и каде што сакале или несакале ќе се допреме за лице и покрај тоа што знаеме дека тие тегови претходно ги допреле којзнае колку луѓе… It’s ОК – не осудувам, ни се случува на сите 🙂 

Е сега – подеднакво исто голема пасија имам и за skincare. Се грижам за лицето од како знам за себе и обожавам да пробувам нови продукти и да видам што ми одговара повеќе или помалку. 

За овој пост се решив да ги спојам моите две големи пасии и да ви раскажам за мојата workout skincare routine. И пред вежбање и после вежбање.

Никако не викам дека МОРА да имаш рутина за пред и после вежбање и скроз е кул да одиш – да извешбаш и да си отидеш па дома да си се тинтраш ама јас имам неколку ритуали што сум приметила доста помагаат во одржување на убава кожа па ќе ве водам низ чекорите.

Со тоа кажано – не е дека ми се случило да го направам ова погоре (и тоа неколку пати – guilty as charged) ама гледам во 90% од моите посети во теретана да се држам до некоја рутина зошто сметам дека ДА- стварно прави разлика. 

Ова доста ќе зависи и од временскиот период и обврските пред и после вежбање за секој индивидуално, ама јас не сум skincare expert па не би можела да се расфрлам со совети – само чисто сакам да споделам што функционира добро за мене па ете може ќе ви помогне на било кој начин. 

ПРЕД ВЕЖБАЊЕ:

  1. Прв чекор после секако облакање/ соблакање и спремање за вежбање ми е отстранување на шминка. Јас вежбам после работа па затоа и секогаш имам нешто на лицето. Некогаш е минимална шминка со коректор, бронзер и маскара, а некогаш е поheavy. Во двата случаеви сакам да го извадам барем она што ми е на лицето. Значи пудра, бронзер, коректор, руменило, кармин…. Маскарата скоро и никогаш да не ја вадам зошто ми е extra step, a кој има време за тоа ??? Многу време користев мицеларна вода и тоа е супер опција, ама периодов сум доста фокусирана на Корејска козметика и многу ми прија на кожата – па почнав да го користам овој маслен чистач Pyunkang Yul Deep Cleansing Oil. Шишенцето е доста големо, па го префрлам во помало шишенце, за да не ми зафаќа многу место, ама освен тоа i looooove it. Знам дека изгледа како покомплицирана верзија за бришење шминка ама стварно не е. Ми ја остава кожата мека, хидрирана и што е најважно не чувствувам затегнување на кожата како со мицеларна вода. 
  1. После ова само нанесувам SPF крема – и тоа е тоа… Не сакам да комплицирам и не сакам да имам премногу продукти на лицето особено не пред многу потење. SPF е секако a muuuuust – И тоа е без разлика дали сум внатре или надвор. Оваа SPF крема –Cosrx Aloe Soothing Sun Cream веќе ја знаете зошто неколку пати сум ја спомнувала претходно. Ја обожавам. Лесна е на кожата, смирувачка, доволно хидратантна ама не премногу и се на се 100% ја препорачувам. Плус пакувањето и е доста компактабилно па не зафаќа воопшто простор за било каде да се понесе. 

ПОСЛЕ ВЕЖБАЊЕ:

  1. Веднаш после вежбање обавезно ама ОБАВЕЗНО мијам раце – убаво и темелно. Ова е многу важно дечки, не прескокнувајте по било која цена. Зошто јас сум природен ‘потач’ што значи многууу се потам при вежбање, обавезно го мијам лицето со ладна вода и со пешкирче само го тапкам да го избришам. Убаво ми доаѓа и се осеќам како сите пори да се затвараат и да си доаѓаат на свое место :). Искрена да бидам – некогаш знам само да ставам SPF крема и да си одам накај дома па директно да преминам на вечерна рутина ама кога имам малку време обавезно ги поминувам следниве неколку чекори. 
  2. После миење на лицето го поминувам со овие тонер туфери – PURITO Centella Green Level All In One Mild Pad . Овие туферчиња специјално ги земав за оваа намена зошто звучеа препрактични и одлични за вакви to go примени. И стварно се такви. Многу функционални, многу практични – и ептен ми е мило што се решив да си ги земам зошто ептен ми се погодија. Овој продукт ми помага темелно да го исчистам лицето зошто самите туфери соджат состојки за ексфолијација ама нежна ексфолијација па фактички се прљаво што се задржило на лицето ќе биде отстрането со овие туферчиња. Јас лично немам чувствителна кожа па не можам да гарантирам ама според составот и како јас го доживувам овој продукт од лично искуство – не сум имала никаква негативна промена од секојдневно користење. Значииии ептен ептен практичен и фукнционален продукт – моја топла препорака за вакви ситуации. 
  3. И последен чекор СПФ крема – истата како и претходно. 

БОНУС:

Оваа крема Vitamin Tree Water-Gel открив неодамна и кога ја пробав сакав да ја чувам за летен, топол период зошто текстурата и е нереално лесна. Исто како да ја немаш на кожа. Всушност и не е крема – гел е па затоа и е толку лесна на допир. Ама веќе ја отворив па си реков да ја искористам максимално. Веќе неколку пати ја нанесувам после тонерот и пред СПФ кремата и woooow, лицето е како свиличка. Нема да лажам и да кажам дека сееееекој пат ја користам ама дефинитивно ќе се потрудам да ми стане навика да ја користам почесто зошто навистина е прекрасна. Инаку самиот гел содржи и антиоксиданси and we loooove антиоксиданси зошто сакаме да бидеме вечно млади (хаха) ама освен тоа – има состојки кои што помагаат да се смири црвенилото и иритациите на кожата – што ја прави перфектно добра за после вежбање мини третман за кожата. 

И тоа е мојата мала ама многу корисна и ефективна пред и после вежбање skincare рутина. Како што напоменав и погоре – знам и да немам буквално никаква рутина и да влезам да извежбам така како што сум дошла – и нема буквално ништо лошо во тоа особено ако немате чуствителна или проблематична кожа. Ама овие неколку минутки плус што ми одземаат да ги направам овие чекори – навистина прават да се чувствувам многу подобро и почисто во сопствена кожа. + стварно сакам да се надевам дека за неколку години кожата ќе ми заблагодари па нема брчка да видам хаха. #ForeverYoung

Инаку сите продукти се од www.skinaholics.mk зошто знаете дека ми се омилени. Ако кликнете на името на производот каде се спомнати погоре – ќе ве однесе директно на страната каде што можете да ги купите или разгледате. Вршат достава до дома, има безбедно онлајн плаќање , има премногу избор на повеќе Корејски брендови + најважно секогаш праќаат тестерчиња што btw се супер за во торбица за во теретана 😊

(Visited 1.910 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *