Долгоочекуваниот skincare routine пост. Како што веќе знаете – огромен skincare фанатик сум. Обожавам да пробувам нови производи, да се грижам за кожата и да имам функционална рутина. 

Уште кога бев мала бев опседната со грижа за кожа. Мислам дека тоа ми е пренесено од мајка ми. Од како знам за мајка ми, а и за себе – ја памтам како секое утро и вечер поминува најмалку 10 минути за да отстрани шминка, да нанесе серуми, па креми и што ли уште не. Мајка ми ме има научено многу работи – ама особено сум среќна што ме научи едно правило во врска со кожата што до ден денес ми е врежано во глава – НИКОГАШ НЕ ЛЕГНУВАЈ СО ШМИНКА. Ама НИКОГАШ. Без разлика колку си уморна – со шминка нема легнување. Ако ми верувате од како почнав да користам шминка до денес, не сум легнала со шминка. Златно правило и сите мора да го почитуваат. 

Пред да навлезам во детали за секој чекор од мојата дневна и ноќна рутина сакам на кратко да ви кажам неколку работи:

→ Нe сум експерт во оваа област и доколку имате посериозни проблеми, ве замолувам за ваше добро да се консултирате со стручно лице и да си истржите темелно и убаво пред пробување на некој производ

→ Рутината што ја споделувам подолу ја користам последниве 2 месеци и works great for me. Со тоа напоменето сакам исто да нагласам дека сакам да пробувам нови производи па се случува да сменам некој чекор, да додадам или одземам нов производ

Јас имам нормално, комбинирана кожа со масна Т зона (што веќе успевам да ја ставам под контрола со оваа рутина). Немам чувствителна кожа што ми овозможува да пробувам појаки продукти без никаква реакција (lucky me) и иако не ми е склона кон акни – сепак знае да се појави од време на време некое хормонално бубуличе (што е нормално)

→ Иако некои од производите подолу не се купени од МК, ви оставам и линкови за истите од каде може да ги набавите, но доколку не сте фан на порачување од Интернет тогаш сигурна сум дека може да најдете одлична замена и кај нас. Особено сега кога ни се достапни многу повеќе skincare брендови и кај нас. Инаку и за сите останати производи ви оставам линкови од каде може да ги набавите.

УТРИНСКА РУТИНА

Најпрво го мијам лицето со ладна чиста вода. Не користам никаков гел за чистење на лице зошто сметам дека не ми е потребно. Наизменично користам два серуми. Ова значи дека еден ден го користам Vitamin C 13% – The Alchemy*, наредниот ден Vichy Mineral 89 серум и се така преку еден ден. И секако на крај нема излегување од дома без СПФ. Ова е најважниот чекор во секоја рутина и без разлика дали сте 15 или 50 години – МОРА ДА КОРИСТИТЕ СПФ. Моментално го користам на Purito, меѓутоа ви споделувам уште три други предлози на СПФ што сум ги пробала и сум презадоволна. 

Vitamin C 13% – The Alchemy 

Vichy Mineral 89 серум ( достапно во поголемите аптеки ) 

СПФ 50 – Centella Green Level од Purito

ВЕЧЕРНА РУТИНА

Првата и најважна работа во вечерната рутина ми е double cleansing или двојно чистење на кожата. Што значи тоа ?! Тоа значи дека користам два типа на чистење на кожа, за да бидам комплетно сигурна дека нечистотиите, шминката и СПФ-от се отстранети од кожата пред нанесување на серуми и креми и пред спиење. 

Во мојот случај како прво чистење на кожата го користам Clean It Zero што е уље во цврста форма. Само го нанесувам на кожата и се топи при размачкување на лицето. Го обожавам овој балм – еден од поомилените производи ми е. Перфектно вади и шминка и нечистотии и се. Потоа, од како убаво ќе го измасирам лицето и целата шминка и нечистотии ќе ги извадам, додавам многу малку вода на дланките и повторно нежно масирам се додека не емулфицира или не почне малку да пени. Го мијам комплетно лицето, нежно пребришувам и одиме на вториот чекор од double cleansing методот. 

Како втор cleanser го користам гел-от за чистење од La Roshe Posay – EFFALCAR. Овој продукт содржи fragrance па ако сте тип што не сакате вакви производи – ова можеби не е најдобар избор за вас. Јас немам проблем со тоа особено кога се работи за продукт што го одмивам ама оставам на вас да се одлучите за тоа. 

Исто како и во утринската рутина, така и во вечерната – наизменично користам различни производи. Ова е скроз индивидуално и доколку сте нови во skincare не мора да го правите. Може слободно да си користите исти продукти секоја вечер и да имате перфектни резултати.

Вечерна рутина 1ACIDS, True Alchemy тонер кој го нанесувам на дланки и нежно го впивам во кожата. Чекам неколку секунди да се впие, а потоа нанесувам серум Alpha Arbutin 2% + HA, The Ordinary и на крај завршувам со хидратантен крем Ultra Sensetive, Balea. Понекогаш доколку ја осеќам кожата исушена или пак сум имала долг, напорен ден често знам да нанесам и масло за кожа – го користам 100% Plant-Derived Squalane, The Ordinary. Можам да кажам дека ова ми е едно од најомилените масла за кожа и моја топла препорака да го пробате. Ја остава кожата така мека и свиленкаста што навистина обожавам да го користам.

Вечерна рутина 2Retinol 1% in Squalane, The Ordinary (извинете од ова скроз сум изумила да направам фотографија). Тука користам го користам само овој продукт затоа што сум прилично нова во користењето на ретиноиди во рутината и не сакам да мешам многу серуми, за кожата постепено да ми се навикне. Инаку доколку сте нови во користење на ретинол, моја топла препорака е да почнете со линијата на The Ordinary ретинол+squalane. Доколку имате сензитивна кожа, имаат и со помал процент на ретинол што можеби ќе биде подобар и побезбеден почеток за вас.

Clean It Zero, Banila CO

EFFALCAR, La Roshe Posay (достапно во аптека)

ACIDS, True Alchemy

Alpha Arbutin 2% + HA, The Ordinary

Ultra Sensetive, Balea (достапно во ДМ Македонија)

100% Plant-Derived Squalane, The Ordinary

Retinol 1% in Squalane, The Ordinary

БОНУС:

Еднаш до два пати неделно користам маска на лицето која што ја нанесувам пред вечерната рутина. Веќе сите сме запознаени со AHA 30% + BHA 2%B Peeling Solution од The Ordinary зошто е доста популарен на социјалните мрежи. Јас мислам дека и со причина е популарен зошто it does magic for my skin. Обожавам да го користам и после користење си ја забележувам кожата темелно чиста (ако можам да кажам) и освежена. 

Уште една супер опција е исто така маска што се користи еднаш неделно од The Ordinary – Salicylic Acid 2% Masque. Уф, многу ја сакам маскава. Првично ја земав со надеж дека ќе ми помогне во борбата со црнките (ама изгледа нема спас од тие црнки, па подобро да се научам да живеам со нив 🙂 ) Не знам колку ми помогна да се намали видливоста на црнките, но со сигурност ми прави да се осеќам многу убаво од како ќе ја нанесам. Мислам дека тука повеќе има улога мојата љубов за clay masks и чувството на вадење на такви маски ама што и да е – навистина имате моја топла прпорака, ако ништо друго барем за супер self care ден. 

AHA 30% + BHA 2%B Peeling Solution, The Ordinary

Salicylic Acid 2% Masque, The Ordinary

(Visited 2.522 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *