Состојки:

За компири:

  • 500 гр. млад компир
  • масло за готвење
  • сол, бибер и зачини по желба

За лук аиоли:

  • 240 гр. (1 cup) сончогледово масло (или неутрално масло по желба)
  • 1 јајце
  • 1 жолчка од јајце
  • ½ лажица дијон сенф
  • 2 лажици сок од лимон
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. За подготовка на компирите, прво убаво се мијат со ладна вода и се отстранува била каква нечистотија. Јас користев млади компири па не ги излупив, ама доколку користите обичен или друг вид на компир – може слободно да ги излупите.
  2. Се додаваат во големо тенџере и се полни со вода, доволно за да ги покрие сите.
  3. Се оставаат да зовријат (да излегуваат меурчиња од водата :)). Веднаш се намалува температурата на ниско, се поклопува тенџерето со капак и се остава да се варат околу 20-30 минути. Ова ќе зависи од јачината на ринглата и од видот/големината на компирите па затоа проверувајте по 30 минути. Компирите се готови кога со нож или чепкалка ќе боцнете и ножот лесно ќе искочи. Значи треба да бидат меки и сварени :).
  4. Компирите се тргаат од оган, се цеди водата и се оставаат малку да се оладат, за да може да ги допрете со прсти.
  5. Во меѓувреме се загрева рерната на 220° и се подготвува тава за печење. Се нанесува масло на површината, за да не се залепат компирите при печење.
  6. Се додаваат компирите на подготвената тава за печење и со чаша, толчник и слично се притиснуваат одозгора, за да се смачкаат. Колку се потенки – толку покрцкави ќе бидат.
  7. Се додава малку масло врз компирите и зачини. Јас користев сол и бибер. Може да додадете било какви зачини по желба.
  8. Се додава тавата во рерна и се печат 20тина минути односно додека не добијат златеникаста, крцкава боичка. Времето на печење ќе варира, па проверувајте привремено.
  9. За лук аиоли – се додаваат сите состојки во сад и со рачен блендер се блендира се додека не се добие соединета, хомогена, кремаста смеса. Не претерувајте со блендирање зошто може да се згрутчи. Неколку пулсирања се доволни за се да се измеша.
  10. Сервирајте веднаш заедно со компирите или пак чувајте ги во оделени садови. Аиолито може да стои во ладилник до 3-4 дена.
(Visited 2.252 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *