Состојки:

  • 2 зрели банани (колку позрели, толку подобро), пасирани
  • 160 гр. (1/2 cup) јаворов сируп
  • 125 гр. (1/2 cup) путер од бадеми
  • 100 гр. (1 cup) овесно брашно
  • 3 (полни) лажици какао
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 шака замрзнати малини

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 175º и се додава хартија за печење на тава за печење леб. Или било каква тава/калап по желба.
  2. Во голем длабок сад се додава пирето од банани, путер од бадем и јаворовиот сируп. Се промешува се додека не се добие соединета смеса. 
  3. На оваа смеса се додаваат и останатите суви состојки (освен малините) и повторно се промешува.
  4. Се додава добиената смеса во претходно подготвената тава и убаво се израмнува. Се додаваат и замрзнатите малини одозгора и се притиснуваат за малку да навлезат во тестото. 
  5. Се пече 40-45 минути со тоа што после 30тина минути со чепкалка проверете до каде е. Ако чепкалката излезе чиста – лепчето е готово, ако остане тесто – значи му требаат уште дополнителни 5-10 минути.
  6. Се остава да се олади барем 15тина минути пред да се исече. Текстурата на ова лепче е меко и сочно од внатре, а закоравенко и цврсто одозгора. Како се лади се повеќе ќе се стегнува меѓутоа тесктурата внатре треба да остане иста. 
  7. Може да чувате 2-3 дена на собна температура (нема јајца и млеко внатре па нема ни што да се расипе) или пак во ладилник до 6 дена. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→Јаворовиот сируп може да се замени со било кој друг течен засладувач. Агаве, меласа, мед, сируп од урма и слично во истата количина. 

→Путерот од бадеми секако може да се замени со било каков друг путер од јаткасти плодови или пак со таан. 

→Овесното брашно може да си го подготвите сами дома со блендирање на овесни снегулки во блендер се додека не се добие текстура на брашно.

→ Малините може да се заменат со било кое шумско овошје или пак со некој топинг по желба како на пример: вишни, капини, јаткасти плодови, кокос, чоколадни парчиња и слично….

→Лепчето не е премногу благо ама мене ми беше баш вкусно, ако сакате да биде малку по “десертесто” топла препорака да си додадете некоја лажица кокосв шеќер или чоколадни парчиња. 

(Visited 12.580 times, 14 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *