Состојки:
- 200 гр. (1 cup+ 1/2 cup + 2 лажици) брашно од хељда
- 150 гр.(1+2/3 cup) овесни снегулки
- 100 гр. (3/4 cup) бадеми
- 6 лажици мелено ленено семе
- 100 гр. (3/4 cup) семки од тиква
- 100 гр. (3/4) семки од сончоглед
- 6 лажици сусам
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка рузмарин
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка прашок за пециво
- 480 мл. (2 cups) бадемово млеко
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 180º и се поставуваат каписли или хартија за печење на тава за мафини. Ако самата тава е нелеплива, доволно е само да се додаде малку масло за печење за полесно да се извадат мафинките. Може слободно да се користи и тава за леб наместо мафини.
- Во блендер или сецко се додаваат бадемите и овесните снегулки. Се блендира се додека не се добие текстура на брашно. Се додава смесата во голем длабок сад. Се додаваат и сите останати состојки освен сусамот и млекото.
- Се меша се убаво се додека сите состојки не се измешаат и распоредат.
- Се додава и бадемовото млеко и повторно убаво се промешува. Смесата ќе почне да се згустува доста и можеби мешањето ќе оди потешко и ќе сакате да додадете повеќе течност ама don’t – ќе се измеша, ветувам.
- Убаво промшеајте за комплетно се да се измеша и соедини и не заборавајте на долниот дел од садот зошто често знае да заостане сува смеса таму.
- Се остава смесата 10тина минути да се згусне. Можеби ќе треба и повеќе. Значи не смее да остане ни малку течност, мора да биде екстремно густо.
- Се распоредува смесата во 12 мафини. Ова е најдосадниот дел зошто смесата е малку тешка за оформување ама може слободно да додадете малку масло на рацете, да оформувате топчиња и да ги вметнете во калапите за мафини.
- На крај се додава и сусамот, се додава само на површината на секое мафинче и со прстите притиснете нежно да навлезе во тестото.
- Се печат 30тина минути или 45-50 минути за ако печете во леб. Мафините се готови кога ќе добијат малку крцкава текстура.
- Се оставаат да се оладат и да дојдат на собна температура пред да се извадат од тавата или да се сечат.
- Може да се чуваат на собна температура 3-4 дена, во фрижидер 1 недела или во замрзнивач до 1 месец. Превкусни се малку тостирани на тостер.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→Ако немате готово брашно од хељда може да изблендирате зрна хељда, за да добиете брашно.
→Бадемите може да се заменат со било кои сирови јаткасти плодови. Јас користев бадеми зошто имаат најнеутрален вкус.
→Меленото ленено семе може да си го изблендирате сами или да купите веќе изблендирано. Исто така може да се замени со чиа семе, или пак да се направи микс од чиа и лен. Пример 3 лажици чиа семе со 3 лажици ленено семе.
→Зачините слободно може да си ги замените или адаптирате. Превкусно би било ако додадете и малку ким, или пак да ги оставите simple, без зачини. Изборот е ваш.
→Бадемовото млеко може да се замени со било какво млеко од растително или животинско потекло.