Како путер од бадеми да не е доволно вкусно па сега ова ?! Ахххххх многу многу е вкусно дечки, мора да го пробате. Јас пола го изедов уште додека беше топло.
Еве неколку предлози како може да го користите:
→ Како прелив за торти, колачи, браунис и други пецива
→ Како топинг за палачинки, овесна каша или чиа пудинг
→ Како сосче за ужинка со јаболки или банана
→ Или така да си го сркнете од лажичка (we don’t judge here 🤣)
Солен карамел:
Состојки:
- 125 гр. (1/2 cup) путер од бадеми
- 85 гр. (1/4 cup) мед
- 2 лажици кокосово масло
- малку сол
Начин на подготовка:
- Во мало тенџерче, на ниска температура се додаваат сите состојки. Се остава да се загрее и состојките да почнат да се растопуваат. Внимавајте на температурата, медот многу брзо гори па затоа држете ја температурата многу многу ниска. Чисто за споредба, на мојата рингла беше уклучена на 4ка од 9.
- Кога состојките ќе почнат да се растопуваат, се промешува за да се соединат и се меша повремено се додека комплетно не се соединети и не се добие кремаста, карамелеста текстура. Зависно од видот на шпоретот, околу 5 минути трае овој процес.
- Се трга тенџерчето од оган и се користи во понатамошен рецепт или пак се складира во стаклен сад.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Путерот од бадеми може да се замени со било кој друг вид на путер од јаткасти плодови. Путер од кикирики би бил ептен yum во оваа комбинација.
→ Медот може да се замени со било кој друг течен засладувач во истата количина.
→ Можеби ќе биде потребно да се додаде повеќе кокосово масло во зависност за која намена ви е карамелот. Ако сакате да биде потечен додадете повеќе, ако сакате погуст довилно се 2 лажици.
→ Доколку не го користите веднаш, а го чувате во ладилник – солениот карамел ќе згусне, без грижи – стоплете го во микро, рерна или на рингла и повторно ќе дојде во течна состојба.
→ Може да го чувате доооолго, долго време. Не сум сигурна за точен рок на траење ама би требало да е ОК за употреба и до 2 недели.