Состојки:

  • свеж спанаќ, околу 100 гр. или две полни раце
  • 10 ливчиња босилок, по желба (ако немате – не мора)
  • 75 гр. (3/4 cup) ореви, грубо исецкани
  • 30 гр. (1/4 cup) маслиново масло
  • 3 лажици сок од лимон
  • 2 чешниња лук
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

  1. Во сецко или во сад за рачен блендер се додаваат сите состојки.
  2. Се блендира се додека не се добие соединета текстура. Пробајте и видете дали му треба нешто повеќе од зачините.
  3. Ако е премногу густо, се додава повеќе масло или адаптирајте според сопствена желба и во зависност за што ќе се користи.
  4. Сосчето може да стои во затворен сад, во ладилник – до 3-4 дена. Јас го користев како сос за паста, меѓутоа може да се користи и како дресинг за салата, маринара за месо, да се додаде во печен зеленчук како засилувач на вкус и слично….
(Visited 2.058 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *