Стекови од карфиол со дресинг од павлака
Состојки:
- 1 карфиол, средна големина
- 1/2 лажичка сол
- маслиново масло или масло по желба за печење
- магдонос за сервирање
- калинка за сервирање
- крцкав наут
Дресинг од павлака:
- 3 лажици павлака или Грчки јогурт
- 2 лажици таан
- 6 лажици маслиново масло
- сок од еден лимон
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка кимион
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 200º и се подготвува тава за печење
- Се сече карфилот на вертикални парчиња, се додава малку масло и сол доволно за да бидат сите парчиња прелиени
- Се поставуваат на тавата за печење во еден ред, да не се преклопуваат парчињата
- Се печат 30 минути. На пола од времето се превртуваат за да бидат подеднакво испечени од двете страни
- За дресингот се додаваат сите состојки во блендер се додека не се добие кремаста, течна тексура. Пробајте и адаптирајте ги состојките според вкусот. Ако има потреба се додава малку вода за да се разретчи
- Се додава карфиолот на тањир за сервирање, се додава од крцкавиот наут, зрнца калинка, малку магдонос и на крај дресингот.
(Visited 1.946 times, 1 visits today)