Состојки:

  • 110 гр. (1/2 cup) пире од тиква
  • 2 лажици агаве
  • 60 гр. (1/4 cup) путер од бадеми
  • 150 гр. (1 cup) бадеми
  • 50 гр. (1/2 cup) ореви
  • 25 гр. (1/4 cup) кокос
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка ѓумбир во прав
  • 1/4 лажичка морско оревче

Начин на подготовка:

  1. Во мало тањирче се додаваат пирето од тиква, агавето и путерот од бадеми. Убаво се промешува се додека смесата не се соедини. Се остава на страна додека ја подготвуваме сувата смеса. 
  2. Во блендер се додаваат бадемите,кокосот и останатите зачини (без ореви). Се блендира се додека смесата убаво не се иситни и не се добие текстура на “брашно”.
  3. Се додава оваа смеса во голем, длабок сад. 
  4. Оревчињата се сецкаат на мали парченца. Може да користите и блендер за ова ама има шанси да ги иситни премногу. Бараме текстура и малку crunch во бомбиците па затоа најубаво е рачно со нож да се иситнат. Се додаваат во сувата смеса со бадеми. 
  5. Течната смеса се додава на сувата смеса и убаво се промешува за се да се соедини. Треба лесно да се оформуваат бомбици. Доколку има потреба додадете повеќе брашно ама не од како убаво ќе се промеша целата смеса. Ќе личи малку како да е “мокра” ама без грижи, ќе си упие се убаво. 
  6. Ролате во бомбици. Мене ми искочија околу 13тина ама правете ги во големина по желба. 
  7. По желба може да ги извалкате во кокос. Најубаво е да ги оставите неколку часа во ладилник пред конзумирање за убаво да зацврстат и сите вкусови да упијат едно од друго. 
  8. Бомбиците може да стојат во затворен сад во ладилник до 5-6 дена или замрзнати до 1 месец. 

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Пирето од тиква ми е од печена тиква. Само го испасирав и го користев така.

→ Путерот од бадем може да се замени со било кој друг путер од јаткасти плодови или пак таан. Вкусот ќе варира во зависност од путерот што ќе го користите ама сигурна сум дека ќе биде превкусно. 

→ Ако имате силен и голем food processor/кујнски робот/блендер. Слободно може смесата да ја мешате во него. Прво ги мелете бадемите и кокосот па додавате се останато и на крај рачно само ги додавате сецканите ореви. Јас имам само мал блендер па вака ја терав постапката.

→ Агавето може да го замените со било кој друг течен засладувач. Но доколку ви е премногу густ и леплив, можеби ќе биде потребно да ги загреете течните состојки претходно за убаво да се измеша се заедно. 

(Visited 3.759 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *