Сезоната на тиква и cozy, warming вкусови ја прогласуваме за отворена и како за старт ги предлагам овие тиква браунис зошто искочија превкусни.
Не им додадов апсолутно никакво брашно – во замена користев само блендирани бадеми ама без разлика на тоа – текстурата искочи феноменална.
Ако печевте тиква и ви останаа leftovers – искористете ја да ги направите овие чоколадни печени бранунис и ветувам, тиквата ќе ја гледате со други очи 🙂
Состојки:
- 150 гр. (1 cup) бадеми, сирови, блендирани како брашно
- 2 лажици какао
- 1 лажичка цимет
- 1/2 лажичка ѓумбир
- 1/4 лажичка морско оревче
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 2 јајца
- 170 гр. (1 cup) чоколадни капки или 1 цело црно чоколадо
- 70 гр. (1/3 cup) кокосово масло или ghee
- 80 гр. (1/4 cup) агаве сируп
- 120 гр. (1/2 cup) пире од тиква*
За декорација (по желба)
- оревчиња, сецкани
- чоколадни капки
- Ако имате печена тиква, само испасирајте ја во блендер или со вилушка и ќе добиете пире од тиква.
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 175º и се поставува хартија на сад за печење. Јас користев керамички сад 20х20 ама било каков сад ќе функционира добро.
- Се додаваат чоколадните капки или црното чоколадо во мало тенџерче и се става во микро или на многу, многу ниска температура на рингла да се стопи.
- Во меѓувреме, во длабок сад се додаваат јајцата, кокосовото масло, агавето и се промешува. Кога чоколадото ќе се стопи, се додава во истата смеса и повторно се промешува се додека не се соедини и не се добие “пудинг” смеса.
- На оваа смеса се додаваат мелените бадеми, какао, зачини и сода бикарбона. Повторно убаво се промешува се додека сите состојки не се комплетно соединети.
- Се додава смесата во садот за печење и убаво се израмнува.
- Одозгора се додава и пирето од тиква. Со нож или со вилушка се прават кружни движења, за да се соедини смесата ама сепак да останат видливи swirls.
- На крај се додаваат оревчињата и чоколадните парчиња и се пече во загреаната рерна 30тина минути.
- Проверете со чепкалка дали е готово. Ако остане смеса на чепкалката, му треба уште неколку минути.
- Се остава да се олади пред да се сече на барови.
- Барчињата може да стојат на собна температура 2-3 дена или во ладилник до 4 дена.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Агавето може да се замени со било каков течен засладувач. Мед, јаворов сируп, меласа, сируп од урми и слично…
→ Кокосовото масло или ghee-то обавезно се мери во течна состојба.
→ Пирето од тиква не ни мора да го мерите, ставете од око, тоа оди на крај од смесата и повеќе е подобро па нема да згрешите и повеќе као ставите.