Состојки:

База:

  • 135 гр. (1/12 cup) овесни снегулки
  • 50 гр. (1/2 cup) ореви
  • 5 лажици кокосово масло, стопено
  • 2 лажици агаве
  • 5-6 урми

Фил:

  • 280 гр. (2 cup) индиски ореви, киснети преку ноќ
  • 120 гр. (1/2 cup) млеко од кокос, во конзерва (и малку повеќе ако има потреба)
  • 230 гр. (1 cup) пире од тиква
  • 55 гр. (1/4 cup) кокосово масло, стопено
  • 2 лажици агаве сируп
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка морско оревче

Топинг:

  • една шака тостирани бадеми (во рерна 15-20 минути)
  • кокосов чипс

Начин на подготовка:

  1. Подгответе си ги калапите што ќе ги користите. Со оглед на тоа што овој рецепт не се пече, може да користите буквално секаков калап. Јас користев силиконски модли ама слободно може да користите тава за печење леб, керамички или стаклен сад, калап за торта и слично. За силиконски капали не ви е потребно обложување на хартија за печење ама за се останато користете хартија за печење за полесно вадење на колачот. 
  2. Во блендер/food processor се додаваат овесните снегулки и оревите. Се блендира се додека не се соединат и измелат како брашно. Се додаваат и останатите состојки за базата и се блендира повторно се додека не се добие леплива смеса. Треба да биде лесна за формирање и да може да се соедини. Доколку има потреба додадете уште некоја урма. 
  3. Добиената смеса се додава во калапот што ќе го користите. Убаво се притиска на дното од садот/калапот и се израмнува на површината за да биде убава, рамна подлога за филот. Се остава на страна додека го подготвуваме филот. 
  4. Најпрво се одмиваат индиските ореви од водата во која што стоеле. Се процедуваат. Се додаваат во блендер заедно со сите останати состојки (освен тиквата) и се блендира се додека не се добие кремаста, изедначена смеса. Се додава пола од добиениот фил на базата, останатата половина ќе ја блендираме со тиквата за да се добие овој бел-портокалов пресек. 
  5. Се остава тавата во замрзнивач да се зацврсти околу 30тина минути. Потоа на останата смеса што ни остана во блендерот се додава и пасираната тиква и повторно се блендира за да се добие убава портокалова боја. Може да има потреба да додадете уште малку кокосово млеко ако смесата е премногу густа. 
  6. Се додава и остатокот од филот врз белиот фил и се проросува со тостираните бадеми и кокосот. Може слободно да си користите било какви топинзи по желба. 
  7. Се остава во замрзнивач (идеално преку ноќ) најмалку 2 часа пред да се сече или да се извади од калапите. 
  8. Овие барчиња мора да ги чувате во ладилник за да не се стопат. Рокот на траење им е доста долг, а ако сакате да го продолжите – чувајте во замрзнивач и до 1-2 месеци. Пред конзумирање само оставете да дојде на собна температура и може да се послужи.

**** АКО НЕ ВИ СЕ ЧЕКА ИЛИ НЕМАТЕ МНОГУ ВРЕМЕ, МОЖЕ СЛОБОДНО ДА ИЗБЛЕНДИРАТЕ СЕ ОДЕДНАШ БЕЗ ДА ПРАВИТЕ СЛОЕВИ. ТАКА ЌЕ БИДЕ МНОГУ ПОЕДНОСТАВНО, А ПОДЕДНАКВО ВКУСНО. СЛОЕВИТЕ СЕ ЧИСТО ЗА ПОДОБРА ВИЗУЕЛНА СЛИКА ИНАКУ НЕМА ДА ВЛИЈААТ НА САМИОТ ВКУС НА ТОРТАТА.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Оревите во базата може да се заменат со било кој друг јаткасти плод.

→ Агавето и во базата и во филот може да се замени со било кој друг течен засладувач. Сируп од урми, мед, јаворов сируп, меласа и слично…

→ Млекото од кокос не препорачувам да се менува со друг вид/тип на млеко. И од големо значење е да се користи млеко во конзерва. Може да го најдете во било кој поголем маркет или продавница за здрава храна. Обавезно промучкајте пред отварање и користење. 

(Visited 2.543 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *