Состојки:
- 100 гр. (1 cup) ореви, грубо исецкани
- 150 гр. (1 cup) семки од тиква
- 270 гр. (3 cups) овесни снегулки, крупни
- 1 лажичка цимет
- 1/4 лажичка морско оревче
- 1/2 лажичка ѓумбир
- 55 гр. (1/4 cup) кокосово масло, стопено
- 80 гр. (1/3 cup) пире од тиква
- 100 гр. (1/3 cup) јаворов сируп
- 1 белка од јајце* опционално
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 170º и се поставува хартија за печење на тава за печење.
- Во голем длабок сад се додаваат ореви, семки од тиква, овесни снегулки, цимет, морско оревче и ѓумбир. Се промешува.
- Во друг, мал сад се додаваат сите останати состојки (освен белката). Убаво се промешува за да се соедини смесата.
- Оваа смеса се додава на сувата смеса и убаво се промешува. Бидете сигурни дека убаво е промшано и сите суви состојки се опфатени со течната смеса.
- Во мал сад се додава белката од јајце и со миксер или со рачна маталка се промшеува за да запени. Се додава во смесата и многу нежно се промешува за да се соедини со останатите состојки.
- Се додава оваа смеса на тавата за печење и се распоредува така да биде во еден слој. Доколку тавата ви е премногу мала, подобро е да печете на два пати или користете две тави. Ова ќе овозможи целата смеса рамномерно да се испече.
- Јас и на крај додадов уште малку цимет, проросив одозгора пред печење. Ова е скроз по желба, ама ако сте фан на цимет do it !.
- Се пече 15-20 минути, со повремено проверување. Гранолата е готова кога ќе фати убава златеникаста боичка одозгора.
- Оставете да се олади пред да ја складирате во сад.
- Гранолата може да ја чувате на собна температура 10тина дена или во ладилник до 15тина дена. Само затворете ја убаво во стаклен сад и користете по потреба.
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
→ Оревите и семките од тиква може да се заменат со друг вид на јаткасти плодови или семки. Може и да правите комбинации по желба.
→ Овесните снегулки најубаво да бидат крупни ама ако немате достапно може и со тие ситните што се за овесна каша. Секако ќе биде убаво и вкусно.
→ Зачините се по желба и може да ги игнорирате ама мене ептен ме потсетуваат на есен па сакам да ги користам секаде каде што користам тиква.
→ Јаворовиот сируп може да го замените со било кој друг течен залсадувач: мед, агаве, сируп од урма, меласа и слично…
→ Белката од јајце помага да се соедини смесата и по печењето да остане во поголемки плочки. Може слободно да го тргнете за веган(посна) опција или ако сакате позрнеста гранола.