Топло чоколадо

Состојки:

  • 500 мл. (2 cups) бадемово млеко*
  • 2 лажици какао
  • 1 лажичка мед*
  • Околу 50тина гр. (1/3 cup) чоколадни парчиња*
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во мало тенџерче (или ѓезве) на средно висока температура се додаваат млекото,малку сол, какаото и медот. Со маталка се мешаат и се остава малку да се загрее со промешување повремено. (околу 2-3 минути)
  2. Се додава исецканото чоколадо и повторно со маталката се меша се додека не се стопи и соедини потполно. Текстурата треба да биде кремаста и чоколадна.
  3. Се додава во шољи и се пие топло.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Млекото може да се замени со било какво млеко со тоа што при промена можно е да се промени малку вкусот и текстурата на финалниот пијалок ама that’s ok, сигурно ќе биде подеднакво вкусно. Експериментирајте со различни млека и видете кое ви се допаѓа најмногу.

→ Медот може да се замени со било каков друг засладувач по желба. Буквално со се може да се замени. Зависно од чоколадото што ќе го користите – може и скроз да го отфрлите, за да не биде преблаго.

→ Може да користите чоколадо или чоколадни капки. Ако користите чоколадо, обавезно искршете (или на ренде, изрендајте)го на помали парчиња за полесно да се растопи. Инаку јас го користев 80% црно чоколадо на Lindt.

→ Може слободно да си додадете други состојки по желба како: цимет, ванила, малку ѓумбир во зачин за свежина и слично….

(Visited 2.544 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *