Иако мислам дека до сега ја заслужив вашата доверба со тоа што објавувам, споделувам и препорачувам работи што искрено, најискрено верувам во нив – сепак осеќам некоја потреба да го кажам следново пред да почнеме .

Со Елена се запознавме уште пред многу, многу време кога држеше часови во еден фитнес центар. Не ми била другарка/пријателка од секогаш, ниту сме се познавале од претходно. Ја запознав како тренер, а потоа прерасна во едно виртуелно пријателство. Можеби од Инстаграм може да добиете перцепција како да се подржуваме и познаваме долго време па ете да ви се јави некој сомнеж дека мислењето ми е малку компромитирано (хаха) ама верувајте ми – скроз на скроз сум искрена и буквално се што ќе прочитате подолу е искрена, топла препорака.

Сакам исто да опфатам и како во глобала изгледаат тренинзите, што да очекувате на часовите, Елена како тренер и слично, што мислам дека доста ќе им се најде на оние кои што се канат долго време да почнат ама не знаат што да очекуваат.

Која е Елена Бубало ?

Најдобриотттт и најстручниот тренер за total body workouts that’s WHO ! Хаха, ама сериозно…. Нејќам постов да биде како интервју за Елена, зошто она нема ни појма дека го пишувам, а и да ви наведувам цело CV зошто никој не е тука за тоа да бидеме реални. Ама важно ми е да нагласам дека е доста стручна, посветена и едуцирана во тоа што го работи. Што за мене е од особена важност (а мислам дека треба да биде и за секој што почнува со вежбање) зошто го препушташ здравјето и телото на некого – па тоа подобро да биде некој што учел и знае за тоа, нели ? Одма се приметува кога некој го работи тоа што го работи од љубов, а она ми е класичен пример за тоа. Како најдобра карактеристика што јас лично ја сакам и барам во тренер е – авторитативноста. Знаете онака кога ќе ви свика, да се подуплашите ? Епа на тоа мислам… Бидете спремни на многу викање, на карање (кога треба) ама и на пофалување (исто кога треба). Мислам дека тоа е една од работите што најмногу ги сакам кај нејзе – толку е страсна и посветена на тоа да го пренесе секое знаење што го има и колку што е во нејзина можност да ве натерате да дадете максимум од себе што со малку труд и следење – не е возможно да нема резултати.

фото кредитс – https://www.facebook.com/elena.bubalo.9/photos_all

Каде и кога се одржуваат тренинзите ?

За ова немој да ме држите за збор – зошто се случува да има промени, измени и да се додаваат нови термини па затоа најубаво со сигурност е да ја исконтактирате нејзе директно пред почнување и ќе ви даде точно инфо.

  • Тренинзи има онлајн и во сала. Има и утрински и попладневни/вечерни. Така да има опција и доколку сте слободни наутро и доколку сте слободни попладне. Тренинзите онлајн функционираат на тој начин што ви испраќа (приватен) линк за приклучување на Zoom и со следење на тој линк ве носи директно на “состанокот”, се приклучувате и си почнувате со вежбање исто како и кога зборите со некој на Skype преку камера. Многу едноставно и може да користите компјутер, лап-топ, телефон или било каков уред со камера и интернет. За тренинзите во сала – салата се наоѓа во Кисела Вода (Расадник) во склоп на Design Fantasy фабриката и исто имаат опција за неколку термини.

Кој може да вежба ?

  • СЕКОЈ. Буквално СЕКОЈ. Без разлика дали си почетник или напреден во вежбањето – тренинзите се такви што секој ги адаптира на сопствената спремност. И секако една од добрите работи на тоа што имате некој што постојано ве следи и е стручен во оваа област е што доколку имате некој здравствен проблем или состојба – вежбите одма се адаптираат, менуваат и се даваат заменски вежби, секако со претходна консултација со Елена.
фото кредитс – https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217882827879528&set=pb.1148441363.-2207520000..&type=3

Временски период на еден тренинг и од што се состои ?

  • Тренинзите траат 1 час од кои – 10тина минути активација и загревање на мускулите, 40тина минути тренингот и 5 минути истегнување на крај. Заради специфичноста на тренинзите и зошто се различни секој час – постојат отстапки секако – ама ова вака е во глобала ако земеме.

Концепт на тренинзи ?

  • Самото име TOTAL BODY WORKOUT кажува дека се работи за вежби на целото тело. Не се класични тренинзи каде што се вежба само еден, единствен дел од телото. Убавината на овие тренинзи (што воедно се и мои омилени од било каков друг вид на вежбање) е што работиш на себе, на сила на целото тело, на контрола на сопственото тело со сопствената тежина и + скроз изгледаш кул и фит додека вежбаш J. Буквално секој тренинг е различен и исцрпувачки и предизвикувачки на сопствен начин. Некогаш е на серии, некогаш е на броење, некогаш на тајмер…..Затоа не можам да кажам точно, ама па и во тоа е убавината  никогаш не знаеш што те чека ама едно е сигурно – потење е загарантирано.

Потребна опрема за онлајн тренинзи ?

  • Некаков вид на тежина (може да биде ранец наполнет со шишиња вода или други ствари што ќе му дадат тежина), стап (од џогер, сукало, од метла…), столче (трпезариско), крпчиња, некоја мека подлога за вежби на под како стомачни (ако имате тепих – не ни мора). Други некои работи како степер, јаже за скокање и слично не се неопходни ама ете ако ги имате – ќе се најдат. Обавезно дава заменски за тие вежби па не е никаков проблем и без тие. Искрено – јас вежбав 3 месеци со нејзе во карантин (последователно) и немав ништо  па дури ни престилка и супер пројдов. После 3 месеци си земав едно тегче и престилка ама ако сте почетник или не сакате да вложите во тоа – ич не се секирајте – може да се снајдете и со работи по дома што ги имаме и ќе добиете подеднакво ефикасен тренинг.
компилација од мене како се потам после тренинзите со Елена, без ни една причина него да ви покажам дека се ефективни 🙂 Знаев дека ги чувам овие видеа за некоја причина !! 🙂

Какви резултати може да се очекуваат од ваков вид на тренинзи ?

  • Зацврстување на целото тело, топење на масти на целото тело, подобрување на кардиоваскуларниот систем, контрола на сопственото тело, баланс и координација, подобрување на кондиција, исцртување на мускулчиња што не ни знаев дека ги имам (хаха) и секако најважно – подобрување на менталното здравје и чувството на исполнетост и што се можеш да постигнеш ако се трудиш и даваш се од себе.

Моето ЛИЧНО искуство и мислење?

  • Веќе знаете дека обожавам да вежбам и дека вежбањето ми е многу МНОГУ важен дел од животот. После многу време пронаоѓање на себеси и што е она што мене ми одговара најмногу – можам да кажам со сигурност дека ваквите тренинзи се она што најмногу ми годи и каде што се осеќам најубаво. Овој начин на вежбање си го практикувам и сама ама дефинитивно вреди да се проба зошто предизвикот на сопствен тренинг и кога некој друг ќе ти го даде и каже е сосема различно. + за некој како мене што е навикнат да вежба цел живот сам, енергијата што се добива со групни тренинзи и тренер покрај тебе (без разлика што тоа е и на камера моментално) е дефинитивно многу мотивирачки и неспоредливо. Со Елена почнав поактивно да вежбам за време на карантинот и искрено да не беше она и нејзините тренинзи не верувам дека ќе најдев сила и енергија да бидам толку константна и активна во таква ситуација. Сега периодов малку забушавам и не се приклучувам на тренинзи толку често колку што сакам – ама кога ќе се случи – не се разочарувам во никој случај.После толку вежбање со различни програми, начини на вежбање, читање по интернет и свашта-нешто  сериозно тврдам дека моментално Елена е најдобриот и најстручниот тренер кај нас. Со посветеност, со дисциплина, со авторитет и со знаење.

Што се однесува до физички промени што ги забележав во текот на континуираното вежбање за време на карантинот со Елена – како поистакнати ќе ги издвојам овие две. Ама please keep in mind дека јас вежбам долго време и искрено веќе вежбањето ми е таква рутина и нешто што ме исполнува и прави да се осеќам подобро што физичките промени не ги ни забележувам толку многу. Сигурна сум дека има и повеќе ама некако не им обрнав внимание:

  1. Стомачните драстично ми се истакнаа
  2. Кардиото ми е на next level и тоа го приметив со одење на Водно само што се олабави ситуацијата и кога направив споредба на трчањето на трака веднаш штом се отворија теретаните. Во споредба со претходно бев многу поспремна и поиздржлива и all thanks to Elena
Баш ми е жал што не сликнав конкретни слики за трансформација, за поубаво да се примети разликата ама еве две слики од периодот пред карантин и после карантин каде што мислам дека се доловува доста физичката разлика.

ЗА КРАЈ:

Дали овие тренинзи се за секого ?! Секако дека НЕ. Ако постоеше само еден, единствен начин и тип на вежбање – немаше ни да постојат толку многу студиа, тренери, видови, начин на вежбање. На крај краева единствен правилен и идеален начин на вежбање и кого ќе изберете за свој тренер – останува на вас и вашите потреби.

П.С. Првиот час е пробен и не се наплаќа па секако може да пробате, да видите и да ја почувствувате енергијата па за понатака да си одлучите дали е за вас или не.

Тука оставам и директен линк од Инстаграмот на Елена и официјалната web страна за повеќе детали. Секако исконтактирајте ја директно за дополнителни прашања или ако има нешто што не го покрив во овој пост тука, а ве интересира од вежбачки аспект – слободно пишете ми.

(Visited 3.321 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *