Туна врапови

Состојки:

  • 1 конзерва туна во вода (или маслиново масло)
  • 1 црвена или зелена бабура
  • 1/2 црвен кромид
  • една шака ситно исецкан магдонос
  • сок од пола лимон
  • 1 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка сол
  • малку црн бибер
  • 1/2 авокадо
  • 1 лажица маслиново масло
  • неколку листови од марула (измиени и исушени)
  • по желба: неколку зрна од калинка 

Начин на подготовка:

  1. Во цедалка се додава туната и се цеди од водата или маслиновото масло. Се додава во мал сад.
  2. Бабурата и кромидот се сечат на мали, еднакви парчиња и се додаваат во садот со туната.
  3. Се додаваат и останатите состојки и се промешува додека не се соедини смесата.
  4. Во сад за сервирање се подготвуваат листовите од марулата и се додава од туна миксот, во секој лист поеднакво
  5. Враповите може да се чуваат во фрижидер и до 2-3 дена.
(Visited 1.588 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *