Мојата едноставна ама супер ефективна утринска нега на лице и + mini review за продуктите и зошто ги користам. 

Велам едноставна зошто се состои од само два продукти ама тоа не ги прави помалку важни или ефективни. А тоа е така од две причини:

  1. Утринската рутина ми е всушност за заштита на лицето за сите третмани кои ги користам од вечерта претходно и секако од сите надворешни влијанија
  2. Nobody has time за 5 чекори уште рано посабајле, нели ☺️?

Инаку чисто како информација јас имам комбинирана кожа со масна Т зона, но мислам дека овие производи би одговарале на секој тип на кожа, освен нели ако немате екстремно проблематична кожа па во тој случај би направила дополнително истражување. 

Чекор број 1:

Миење на лицето со ладна вода. Не користам гелови ни па некакви препарати за миење на лице. Само the good old чиста вода. Гледам дека се случува често луѓето со масна кожа или Т зона да користат гел за миење и сабајлечки ама лично за мене сум приметила дека немам потреба од тоа и не прави никаква разлика. Всушност добивам обратен ефект каде кожата ми се затегнува и се чувствувам како да ја губам онаа природна хидратација на лицето. Затоа го оставам гелот за миење на лице само за навечер. 

Чекор број 2:

Нанесување на Витамин Ц. Додавам неколку капки од пумпицата на прсти и нежно ги впивам во кожата. Веќе неколку недели го користам токму овој на Neogen – Real Vita C Serum . Се покажа како повеќе од одличен. Процентот на витамин Ц е доста висок – 22% па доколку сте почетник и не сте користеле претходно можеби ова нема да биде прав избор за вас. Моја препорака е да почнете со понизок процент па потоа со тек на време да го надрадите до овој. 

Текстурата на самиот серум е многу течна и да не речам водлеста. Толку е лесна и впивлива што веднаш се абсорбира на кожата и не се ни чувствува дека сум нанела некаков продукт. Што всушност е се што барам во ваков серум особено зошто потоа нанесувам поголема количина на СПФ (а и шминка) и не сакам да имам премногу слоеви продукти на лицето. 

Со витамин Ц како состојка за skincare се запознав пред година ипол- две одприлика и од тогаш па навака го користам постојано. Секако, со мали паузи и прекини од време на време. 

Витамин Ц е една од најмоќните антиоксиданси и е навистина ептен ептен корисен ако се користи како дел од skincare рутина. Главниот бенефит е посветла, изедначена кожа, меѓутоа важно е да се спомене дека освен тоа – останати (ама не помалку важни) бенефити се и: и помага на кожата да се бори со надворешни влијаниа што дефинитивно не ги сакаме залепени за нашата кожа, помага при појава на пигментација на кожата, ја изедначува бојата на кожата па дури има и моќ да избледи веќе постоечки флеки. 

Од како почнав да користам Витамин Ц во skincare рутина дефинитивно ги приметив придобивките. Секако резултатот не беше преку ноќ, меѓутоа во последнава година кожата никогаш не ми била поизедначена. Особено имав проблем со мали флекички од акни кои знаат да се појават од време на време. Едноставно не се повлекуваа со месеци. Ќе ми искочи бубуличка, ќе пројде, меѓутоа дамката (флека) останува и за жива глава не се повлекува 😂. И не само од тоа, самата текстура и да не речам боја на кожата драстично ми е променета и подобрена со самото користење на оваа состојка како дел од мојата skincare рутина. 

Моја топла, најтопла препорака да почнете со користење на Витамин Ц во рутината доколку до сега не сте пробале. Навистина е прекрасна состојка што прави многу за кожата.

Чекор број 3:

СПФ крема, duuh. Сакам да ги менувам и да пробувам нови, но ова е нешто ново од Skinalholic и навистина вредно за внимание. Се работи за Neogen крема со заштитен фактор 50. 

Самата текстура на оваа крема е густа, и првиот пат кога ја нанесов добив некој впечаток дека нема да се впие и адаптира на кожата. Меѓутоа после неколку минутки и нежно масирање на лицето веднаш се абсорбира на кожата и не ми остави никакви бели траги што често знае да се случи со користење на СПФ креми. 

Има некој освежителен, цитрусен мирис што многу ми се допадна и одлично се покажа како база на пудрата што ја ненсувам отпосле. 

Мислам дека нема потреба да навлегувам во детали за користењето на СПФ зошто сме зборувале многу пати до сега и мислам дека веќе сите знаеме дека е најважната алатка во борба против брчки, надворешни влијаниа, и одржување на кожата млада колку што е можно повеќе. 

И тоа е тоа. 3 чекори од кои еден е миење на лице ама за мене перфектна рутина за секое утро. Како што кажав и на почетокот – утринската рутина ми е само превенција. Се останато што користам и правам за кожата, користам навечер зошто тогаш имаат и најголемо влијание.

Доколку пробате некои од овие производи, обавезно пишете ми мислење и како ви се допаднале. 

Производите (како и многу други) може да ги најдете на www.skinalholics.mk , вршат достава до сите градови во МК и се моето омилено местенце за купување на skincare продукти. И двата продукти за кои зборувам погоре имаат директен линк до нив, за да си проверите цена и достапност со самото кликнување на зборот кој е подвлечен со линија. 

(Visited 1.487 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *