Состојки:

  • 290 гр (3 cups) мелени бадеми (може да користите блендер и да ги измелете сами)
  • 75 гр. (3/4 cup) кокосови снегулки
  • 95 гр. (1/2 cup) кокосов шеќер
  • малку сол
  • 2 лажички ванила
  • 2 лажици кокосово масло, стопено
  • 120 гр. (1/2 cup) кокосов крем*

* Кокосов крем е густиот цврст дел од кокосово млеко во конзерва. Оставете ја конзервата со кокосово млеко во фрижидер неколку часа. Кога ќе ја отворите на површината ќе се одвои кокосовиот крем и користете го само тој слој. Остатокот може да го искористите за смути, овесна каша, чиа пудинг и слично.

За фростинг (по желба):

  • 3 лажици кокосов путер, малку стопен 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Во голем длабок сад се додаваат мелените бадеми, кокосовите снегулки, кокосовиот шеќер и малку сол. Се промешува
  2. Се додаваат сите останати состојки и повторно се промешува се додека не се соедини смесата 
  3. Смесата треба да биде идеална за формирање топчиња кои нема да се распаѓаат. Доколку е премногу сува, додадете уште некоја лажица кокосов крем или кокосово масло, доколку е многу течна додадете неколку лажици мелени бадеми
  4. Се формираат топчиња во посакуваната големина. Јас користев смеса од околу 2 лажици за една бомбица и ми искочија вкупно 20 бомбици
  5. Бомбиците се оставаат во ладилник или замрзнивач неколку часа односно доволно за да се зацврстат
  6. Доколку користите фростинг, додадете го како топинг на секоја бомбица
  7. Бомбиците може да се чуваат во ладилник 2-3 недели или пак во замрзнивач и до 2-3 месеци

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Мелените бадеми може да се заменат со било кои други јаткасти плодови во истата количина

→ Кокосовиот шеќер може да се замени со течен засладувач како јаворов сируп, мед или агаве во истата количина со тоа што можеби ќе биде потребно да додадете повеќе мелени бадеми

→ Кокосовиот крем предлагам да не го заменувате со друга состојка бидејќи е навистина потребен во овој рецепт за автентичноста на вкусот. Кокосово млеко во конзерва може да најдете во ДМ, Веро, Тинекс, Зегин Healthy Food и останати поголеми маркети и продавници за здрава храна 

(Visited 9.705 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *