Состојки:

За круши:

  • 4 круши
  • 1 лажица кокосово масло, стопено
  • 1/2 лажичка ванила

За филинг:

  • 140 гр. (1 cup) индиски ореви, киснети во вода 1 час или повеќе
  • 120 мл. (1/2 cup) млеко од јаткасти плодови или вода
  • 2 лажици агаве или друг течен засладувач
  • 1/2 лажичка ванила

За топинг:

  • гранола или ситно исецкани јаткасти плодови

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 200º.
  2. Убаво се премиваат крушките и се сечат на две вертикални половинки. Се вадат семките и се прави мала дупка во секоја половинка. Остатоците што ќе останат може да се искористат за нешто друго, на пример за смути. 
  3. Се додаваат крушките во тава за печење. Јас користев керамички сад ама може било каква тава за печење. 
  4. Во мало тањирче се додаваат кокосовото масло и ванилата. Се промешува и оваа смеса со четка за мачкање или со рака се додава на крушките. Убаво се премачкуваат сите подеднакво. 
  5. Се печат 20-30 минути односно готови се кога ќе омекнат и ќе добијат убави карамелизирани крајчиња. 
  6. Во меѓувреме се подготвува филингот. Се премиваат индиаските ореви со ладна, чиста вода и се додаваат во блендер заедно со останатите состојки за филингот. Се блендира се додека не се добие кремаста смеса. Се остава оваа смеса во фрижидер, додека се печат крушките и додека се ладат. 
  7. Се оставаат крушките малку да се оладат пред да се додаде ванила филингот. 
  8. Се додава и топингот одозгора и тоа е тоа. Може да чувате во затворен сад,на собна температура 2 дена или во ладилник 3-4 дена. 
(Visited 795 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *