Состојки:

• 300 гр. (2 cups) индиски ореви, сирови , киснети во вода најмалку 2 часа
• 1 лажичка ванила екстракт
• 10 урми
• 40 гр. (1/3 cup) кокосово брашно
• неколку замрзнати малини
• 1 црно чоколадо за топинг
• 1 лажичка кокосово масло


Начин на подготовка:

  1. За да се покиснат индиските ореви, само се додаваат во мал, длабок сад со вода – доволно да ги покрие сите. Се оставаат да стојат најмалку 2 часа или пак од вечерта претходно. Потоа се премиваат со ладна, листа вода и се цедат.
  2. Во блендер или сецко се додаваат индиските ореви и урмите. Се блендира за да се соедини и да се добие кремаста смеса. Доколку имате мал блендер – можеби ќе треба да блендирате во секции, за да не се преоптовари блендерот.
  3. Се додава смесата во длабок сад и се додаваат кокосовото брашно, ванилата и малините. Доколку имате јак блендер ова може да го направите во него, а ако не – рачно измешајте ги сите состојки.
  4. Смесата треба да биде густичка, доволно за да може да се оформат бомбици без да се распаѓаат. Ако е многу течна – се додава уште малку кокосово брашно.
  5. За полесно формирање на бомбици – може смесата да се остави во фрижидер 20тина минути.
  6. Се формираат бомбици во големина по избор. Во срединката од секоја бомбица се додавапо една замрзната малинка. Се оставаат возамрзнивач да се зацврстат додека се подготвува чоколадниот прелив.
  7. Во мало тенџерче, на многу ниска температура се додава чоколадото и кокосовото масло. Се остава да се растопи и се меша повремено. Внимавајте да не загори – треба само да се растопи, не да почне да се пржи : )
  8. Се топат сите бомбички во стопеното чоколадо и по желба се додаваат неколку искршенки малини одозгора.
  9. Бомбиците се замрзнуваат одлично – па може да се чуваат во замрзнивач до 2 месеци без проблем. Пред конзумирање се оставаат на собна температура да се одмрзнат.

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:


→ Јас користев кралски урми, што се доста поголеми од обични урми. Ако сакате да замените со обични урми – може ќе има потреба да се додадат повеќе (околу 12-15). Ако се многу суви – оставете ги во врела вода 30 минути до 1 час, за да омекнат и полесно да се блендираат.

→ Кокосовото брашно може да се замени со овесно брашно или некое друго брашно што може да се конзумира без печење. За точна количина не можам да кажам зошто не сум ги пробала, ама би требало дупло од пишаната количина. Почнете со 1/3 cup па додавајте додека не се добие посакуваната смеса.

(Visited 5.929 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *