Велигденски морков колачиња

Состојки:

  • 200 гр. (2 cups) мелени бадеми
  • 50 гр. (1/2 cup) кокосови снегулки
  • 1 лажичка цимет
  • малку морско оревче и каранфилче
  • малку сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 55 гр. (1/4 cup) кокосово масло, стопено
  • 80 гр. (1/4 cup) јаворов сируп или мед
  • 2-3 морковчиња, изрендани и исцедени од водата (околку 1 cup, изрендани)

За топинг:

• неколку лажици од крем од индиски ореви (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 170º и се подготвува тава за печење со хартија за печење
  2. Во длабок сад се додаваат сите суви состојки и се промешува
  3. Се додаваат сите останати состојки (освен ренданите моркови) и повторно се промешува се додека не се добие соедината смеса
  4. Се додаваат и ренданите моркови и повторно се промешува
  5. Се формираат топчиња со 2 лажици од смесата и се поставуваат на хартијата за печење така да имаат доволно простор помеѓу секое
  6. Се притискаат одозгора за да се израмни површината и да се добие форма на колаче
  7. Се печат 10-12 минути односно додека колачињата не добијат златеникаста боја
  8. Доколку користите крем од индиски ореви, почекајте да се оладат пред да го додадете

ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:

→ Мелените бадеми може да се заменат со било кои јаткасти плодови. Мелени лешници, мелени ореви, мелени индиски ореви и слично

→ Слободно може да додадете чоколадни парчиња, суво грозје, брусница и слично во смесата

→ Многу е важно да се исцеди водата од морковите пред да се додаде на смесата, затоа не го прескокнувајте овој чекор

→ Доколку ги немате сите горенаведени зачини – колачињата би биле вкусни и без нив – само додадете малку повеќе цимет

(Visited 2.580 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *