Не е дека некој ќе гугла каде и што да прави во Белград ама ептен ми беше мерак да си ги споделам сликите,местата што ги посетив и како јас си пројдов,па се надевам ќе имате некоја корист од овој пост. 

Неколку пати го имам посетено Белград затоа што ене го кај е ☺️ и секој пат различно го доживувам во зависност од тоа за која намена сум таму, но последниот пат беше баш онака туристички и релаксирано и да бидам искрена е едно од моите поомилени патувања.  Океј ова е можеби затоа што ми беше роденденски викенд па си го чувствував специјално ама како и да е ми остави баш убав спомен.

Две работи што се многу важни :

  1. Не посетував музеи, споменици и слични историски и уметнички места
  2. Не бев во диско !! 

Ова второво можеби е шокантно затоа што Белград викаат бил познат по тоа (јас не би знаела хаха) ама ако треба да знаете една работа за мене е дека рано си легнувам па тоа би објаснило се во врска со оваа тема.

Окееееј кога тоа го тргнавме на страна сега може да почнеме. 

Бевме сместени во еден хотел што беше отприлика 10тина минути одалечен од Кнез Михајлова што е нешто како улица Македонија кај нас,па бонус поени за тоа што воопшто не моравме да користиме такси или превозни сретства за од едно до друго место. Воедно ова нека биде мојот прв совет ако се одлучите да одите некој викенд во Белград. Сместување во околината на Кнез Михајлова.
Еден цел ден го поминавме околу центарот, а кога сме веќе тука – моето омилено место за кафе Kafeterija Kralja Petra. “Кафетерија” е ланец на кафетерии кои се наоѓаат насекаде низ Србија и се познати со причина. Имаат превкусно кафе, добар ентериер, среќна енергија, а во некои од нив и супер храна. Всушност целата оваа уличка има поразличен вајб од Кнез Михајлова иако е дел од неа и затоа совет број 2 – Не пропуштајте да ја посетите и да испиете едно кафе во Кафетерија како вистински Македонец во Белград ☺️.

Кафетерија Краља Петра

Само што ќе кажев па чекај како не посетив ништо од историски карактер кога два пати се прошетав низ Калемегдан ама после ми текна дека прва помисла на Калемегдан ми е сцената од Зона Замфирова, а не историјата што стои позади ама ејј не ме осудувајте… Само сум искрена ☺️ Од која причина и да е – совет број три – Прошетка низ Калемегдан.

Савско шеталиште е исто супер идеа ако сте за мала прошетка. Нешто слично како кеј кај нас само со многу кафичи и никој не спортува него сите се мислат во кој ресторан да седнат ама you get my point. Тука се наоѓа и ресторантот САВАНОВА што сигурна сум дека сте го слушнале затоа што од некоја причина доста луѓе го посетуваат кога одат во Белград.

Аххх.. Смоквица… Ова беше местото што си го избрав за мојот роденденски ручек и многу сум среќна затоа што беше вистинскиот избор. Го има на неколку локации во Белград и има причина зошто е омилено место на сите туристи. Измешани стилови на ентериер нешто помеѓу винтиџ и модерно, невообичаена храна и ако го посетувате во пролет-лето ПРЕКРАСНИ ТЕРАСИ т.е дворчиња. Со оглед на тоа што обожавам Медитеранска храна нормално дека првиот избор беше фалафел со хумус и неколку различни свежи салатки. 10/10 препорачувам.

И за крај не смеам да го заборавам Мали Пијац затоа што ако не ни беше препорачано од пријател немаше ни да ни текне да го посетиме па дефинитивно ставете го на листа ако одите натака.Услугата беше како што никогаш не сум сретнала до сега и храната беше ПРЕ-КРАС-НА.Што и да изберете од менито нема да згрешите. Доколку ви остане место за десерт,пробајте ја домашната штрудла со јаболки. Цените можеби малку повисоки од просекот ама ништо алармантно и дефинитивно вреди.

Дополнителни мести кои ви препорачувам да ги посетите се :
→  Мануфактура
→  City Garden
→  Три Шешира (Скадарлија)
→  Ресторан Плато

Сега кога го пречитувам овој пост си викам можеби требаше да го именувам во “Kаде да јадеш и пиеш во Белград” наместо во што да правиш ама кога ќе се присетам па така и беше реалната слика па ехх нека си стои вака…

Се надевам ви се допаѓаат вакви постови. Јас баш уживав додека го составував, а и веќе кројам планови кога да го посетам пак затоа што е град кој секогаш ми дава добар вајб. Highly reccomended за малку поинаков викенд,а да не е многу далеку ☺️. Океј бај. 

(Visited 2.173 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *