Загревање и истегнување – ЗОШТО Е ВАЖНО ?

Сите знаеме дека теоретски ДА – истегнување и загревање е многу важно ама колку од нас всушност тоа го практикуваат и дали знаете зошто всушност е тоа важно ?

Доколку и вие сте од оние што го избегнуваат ова по секоја цена, се надевам дека со овој пост ќе ве предомислам и ќе одвоите 5-10 минути од тренингот за да ги вклучите. 

Нема да ве замарам со статистики и анатомија на човеково тело, и ќе ви раскажам вака народски кажано за полесно да се разбереме 🙂 

Постојано ве учам и ве мотивирам да вежбате и да се храните здраво првично за себе и свое здравје, а понатака и за физички изглед. Колку што е важен самиот тренинг и колку напор вложуваме во него – подеднакво е важно спремањето за тренингот. Особено загревањето. Со цел да го подготвиме телото на она што следи – мора, ама МОРА добро да го загрееме. 

Нека бидат тоа 5 минутки, ништо повеќе, ништо помалку. 

Причини поради кои треба да се загреваме пред тренинг:

→ Превенција од повреда. Со загревање на мускулите (поединечно, пример: нозе, раце, јадро, гради итн…) ги подготвуваме за она што следи. Им даваме сигнал дека ќе ги активираме и ќе прават нешто надвор од комфор зона. 

→ Да се надоврземе на ова претходното. Со самото загревање не само што се подготвуваат мускулите за тренинг туку и ја подобрува флексибилноста и мобилноста на мускулите па со тоа вадиме максимум од самиот тренинг што следи. Тоа во пракса би изгледало вака – загревање – длабоки чучњеви = цврст задник. Без загревање – нема длабоки чучњеви – нема цврст задник. Секако ова ептен упростено и чисто како пример ама се надевам ја доловив поентата 🙂 

→ Со загревањето освен што се припремаат и активираат мускулите, го качуваме и пулсот, температурата на телото што ни овозможува подобра припрема за тренинг. И секако – не само физички туку и ментално ни помага да се подготвиме за она што следи.

Јас лично, за да ги направам загревањата поинтересни – преферирам динаминчни загревања. Што значи тоа ? Неколку минутки ги правам оние basic вежбички како вртење раце, нозе, зглобови и слично па потоа одам на подинамични вежби како jumping jacks, inch worms, чучњеви, исчекор со twist и слично. На овој начин опфаќам поголема група на мускули, лесно го загревам телото и секако, најважно – НЕ МИ Е ДОСАДНО. 

Причини поради кои треба да се истегнуваме после тренинг: 

→ Една од најважните причини е помагање при мобилност на телото. И сега ќе ми кажете – па јас сакам да ослабам, а не да правам шпага. I get it – секој со своите цели ама размислете на овој начин – подобра мобилност = подобро изведување на вежбите. Подобро изведување на вежбите = подобат тренинг. Подобар тренинг = губење килограми. Ме разбирате што сакам да кажам ?? Мобилност и флексибилност е 100% потребно со цел да се направи добар тренинг и добро изведување на вежбите. И така се си е поврзано во круг.

→ Помага за muscle recovery. Како што го подготвуваме телото за тренинг со загревање, така и му даваме сигнал на телото дека сме завршиле со вежбање. Му викаме благодарам што ме служиш вака добро и сега може да исчилаш 🙂 

→ Истегнувањето е супер не само за после тренинг, него и во денови кога ни се rest days. На овој начин ја подобруваме циркулацијата на телото, го подобруваме држењето на телото и секако му даваме мала пауза од лошо седење, брз начин на живот, негрижа и слично. 

За истегнување ова е мојата рутина: уклучувам штоперица и држам одприлика по 30тина секунди од секоја позиција. Ако тренингот ми бил за долен дел – истегнувањето го фокусирам на тој дел од телото, ако ми бил за горен дел  – го истегнувам повеќе тој дел итн, итн… 

Знам дека некогаш се ни е на брзање и се случува едвај некако да стигнеш и воопшто да го направиш тренингот ама дури и неколку минутки претходно и после тоа – ЌЕ НАПРАВАТ огромна разлика. Нема да лажам и да кажам дека порано нит се истегав нит се загревав за тренинг ама од како почнав – не верувам дека ќе пројдам без тоа. Едноставно станува навика и самото тело си бара. Ама верувајте ми – ова дефинитивно не е нешто што треба да го сфатите како свој избор – мора, ама мора да ви биде вклучено во вежбачката рутина. 

(Visited 675 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *