Закиселен кромид:

Состојки:

  • 470 мл. (2 cups) вода
  • 240 мл. (1 cup) јаболков оцет оцет
  • 1/2 лажица сув рузмарин
  • 1/2 лажица сол (по можност крупна морска сол)
  • 2 кромид, црвен, средна големина

→ Наместо рузмарин може да се додаде друг зачин по желба. Јас имам користено и цело зрно бибер (во топчиња) и исто е превкусно. 

Начин на подготовка:

  1. Се сецка кромидот на тенки, еднакви кругчиња и се додаваат во тегли или стаклен сад со капаче. 
  2. Во мало тенџерче се додаваат водата, јаболковиот оцет, рузмарин и сол. На висока температура се остава да зоврие, а потоа се намалува температурата и се остава да поврие 2-3 минутки односно додека не се растопи солта.
  3. Течноста се истура во теглите со кромид. Треба да се додаде доволно, за да ги поклопи кругчињата кромид.
  4. Се остава да се олади и да дојде на собна температура пред да се затворат теглите и да се складираат во ладилник.
  5. Кромидот нека постои најмалку 2 часа во ладилник пред конзумирање или идеално преку ноќ. 
  6. Закиселениот кромид може да стои во ладилник повеќе од 2 недели. 
  7. Може да се додава во сендвичи, салати или како прилог. Превкусно е и дава баш закиселен, spicy вкус на храната.
(Visited 3.472 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *