Состојки:

  • 2 cups (200 гр.) бадемово брашно*
  • 1 cup (240 гр.) Грчки јогурт
  • 1 лажичка сода бикарбона 
  • 1 јајце за премачкување
  • Сусам 

** бадемовото брашно може да го замените со овесно брашно, интегрално брашно и обично бело брашно. Може да пробате и со друго, со горенаведените брашна веќе добив успешни препораки па можам со сигурност да ви ги пренесам. 

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 170º. Се поставува хартија за печење на тава за печење. 
  2. Во длабок сад се додаваат сите состојки освен јајцето и сусамот. Се промешува се додека не се добие смеса на тесто. 
  3. Тестото ќе биде малку лепливо затоа убаво намачкајте ги рацете со масло за да ви олесни во месењето. Поделете го тестото на 4 еднакви делчиња. Формирајте топчиња и со прст или со обратниот дел од шпатулата боцнете за да формирате облик на ѓеврече.
  4. Намачкајте ги со едно измешано јајце и проросете со сусам и малку сол (по желба)
  5. Печете 20 до 25 минути односно додека не добијат убава црвенкаста боја. 
  6. Уживајте ги веднаш или чувајте на собна температура 3 дена или во ладилник до 5 дена. 
(Visited 3.746 times, 11 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *