

Состојки:
- 1 cup (125 гр.) спелтино брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 150 гр. (1 канче) Грчки јогурт
- топинзи по желба – маслинки, спанаќ, фета, кашкавал и слично…
Начин на подготовка:
- Се загрева рерната на 220º и се подготвува тава за печење. Или премачкајте ја убаво со масло или поставете хартија за печење, инаку ќе се залепат.
- Во длабок сад се додаваат сите состојки освен топинзите. Замесете додека не се добие тесто. Оставете на страна.
- Подгответе ги топинзите што ќе ги користите, јас исецкав маслинки и спанаќ.
- Додадете малку брашно на работната површина и развлечете го тестото во круг со помош на сукало. Исто како што би направиле со обично тесто.
- Поделете го тестото на 8 триаголници, додадете ги топинзите и формирајте кифлички.
- За премачкување јас користев едно матено јајце, па проросив со сусам – ова е скроз опционално.
- Печете 20 минути.
- Кифличките може да ги чувате до 5 дена на собна температура.
- ПРО ТИП – дуплирајте ја дозата за поголема количина.
(Visited 4.306 times, 2 visits today)