Состојки:
- 2 (пре) зрели банани, испасирани
- 4 лажици путер од бадеми
- 160 гр. (1/3 cup) агаве сируп
- 140 гр. (1+1/2 cup) кокосово брашно
- 1 лажичка ванила
- 1 црно чоколадо или 1/2 cup чоколит чипс)
Начин на подготовка:
- Во голем длабок сад се додаваат бананите, путерот, ванилата и агавето и се промешува се додека не се соедини смесата.
- Се додава кокосовото брашно и повторно се промешува. Смесата треба да биде доста густа и да наликува на “тесто”. Оставете неколку минути да отстои за кокосовото брашно убаво да упие во смесата.
- Се оформуваат бомбици. Мене ми искочија околу 15тина помали (bite size) бомбици.
- Чоколадото се става во мало тенџерче на многу ниска температура за да се стопи. Се преливаат бомбиците во чоколадото или пак се преливаат само одозгора. По желба може да си додадете и бадемчиња одозгора за extra crunch.
- Бомбиците може да се чуваат во затворен, стаклен сад во ладилник до 5-6 дена или пак во замрзнивач до 1 месец. Пред конзумирање само оставете да пуштат неколку минути претходно и спремни се за јадење.
ЗАБЕЛЕШКИ и СОВЕТИ:
→ Ако го сакате оној вистински вкус на крем банани, тогаш ви препорачувам да го следите рецептот онака како што е пишан погоре, меѓутоа доколку сакате само да ги пробате овие здрави благца – подоле оставам неколку алтернативи на состојките што може да ги замените.
→ Путерот од бадем може да се замени со било кој друг путер од јаткасти плодови или таан.
→ Агаве сирупот може да се замени со било кој друг течен засладувач како: мед, јаворов сируп, меласа, сируп од урми, маџун и слично…
→ Кокосовото брашно може да се замени со некое друго здраво брашно што исто така не бара печење како на пример: брашно од хељда, овесно брашно, бадемово брашно и слично. Можеби ќе треба да ја адаптирате количината и да додадете повеќе/помалку.
→ Доколку оваа количина ви е преголема тогаш слободно може да го направите овој рецепт со сите состојки на пола.
→ Кокосовото брашно не е кокосови снегулки ! Тоа е фино мелено брашно од кокос така да внимавајте на тоа.