Состојки:

  • 1 тиквица, средна големина
  • 2 јајца
  • 1 лажица овесно брашно*
  • 1 лажичка сол 
  • зачини по желба (оригано, копар, бибер…)

** овесното брашно може да го замените со било кое друго брашно. Можеби ќе треба да додадете и повеќе од 1 лажица во зависност од текстурата што ќе ја добиете и големината на тиквицата. Почнете со 1 лажица па ако има потреба додавајте постепено.

Начин на подготовка:

  1. Се ренда тиквицата и се додава во чиста крпа или газа. Убаво се процедува од водата што ја содржи. Исцедете колку што е можно повеќе вода. 
  2. Се додава во длабок сад заедно со сите останати состојки и убаво се промешува. 
  3. Се загрева нелепливо тавче за палачинки со малку маслиново масло или масло по желба. 
  4. Се додава целата смеса и се израмнува во форма на голема палачинка. Се остава да се пржи 5-6 минути на средно-висока температура. Проверете дали убаво е запеченка и има добиено златеникаста боја па превртете од друга страна. 
  5. Ако имате потешкотии во превртување на палачинката, префрлете ја од тава на голем тањир па превртете ја од другата страна во тавата. 
  6. Пржете дополнителни 4 минутки. 
  7. Додадете топинзи по желба, завртете во бурито и уживајте во овој едноставен, здрав и многу вкусен доручек :). 
(Visited 3.806 times, 5 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *